Шпрем: Ги победивме европскиот и светскиот шампион, а загубивме од Бразил

Ракометната репрезентација на Хрватска го сопре налетот на Франција и по пауза од шест години им го нанесе првиот пораз на актуелниот светски шампион. „Каубоите“ на Лино Червар со 20-23 ги надиграа избраниците на Дидие Динар, со што ќе патува на квалификацискиот турнир за пласман на ЛОИ во 2020 година.

Поранешниот репрезентативец на Хрватска, Горан Шпрем не го криеше своето задоволство од победата на големиот фаворит, но жали за лошата партија против Бразил, која ја чинеше селекцијата учество во полуфиналето на овој Мундијал. 

„Чувствата се помешани. Среќен сум, но и тажен. Ги победивме европскиот и светскиот шампион, но загубивме од еден Бразил. Можеби клучот на елиминацијата беше дуелот со Германија, но тој Бразил ќе го паметиме засекогаш. Денес ја победивме Франција на доминантен начин, а истата е многу важна, не само за денес или утре, туку за иднината на оваа селекција“, рече Шпрем. 

Од групата Е, Франција и Германија се сигурни полуфиналисти, Хрватска е третопласирана, додека четвртото место ќе ѝ припадне на Шпанија.
 

СП, Главна фаза, Група 1
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ГерманијаГерманија 5 4 1 0 136:116 20 9
2 ФранцијаФранција 5 3 1 1 133:122 11 7
3 ХрватскаХрватска 1 5 3 0 2 124:117 7 6
4 ШпанијаШпанија 1 5 2 0 3 147:136 11 4
5 БразилБразил 5 2 0 3 128:149 -21 4
6 ИсландИсланд 5 0 0 5 122:150 -28 0