Шпанија со три гола во низа го совлада Египет и освои злато во Оран

Шпанија

Шпанската репрезентација е освојувач на златниот медал на Медитеранските игри во Оран, Алжир. Во финалето „фуријата“ беше подобра од Египет и тоа со минимални 27-28.

Шпанците имаа пеколна завршница и ги постигнаа последните три гола на натпреварот. Египетските ракометари водеа 27-25, но не постигнаа ниту еден погодок во финишот и испуштија златна прилика за победа.

Првото полувреме целосно му припадна на Египет. Шпанија одигра лош прв дел и замина на пауза со три гола негатива. Потоа постојано бркаше резултат, кој го стигна дури во последните минути од финалниот натпревар.

Во битката за третото место Србија ја надигра Македонија со 29-34.