Шпанија со фуриозно второ полувреме ја надигра Норвешка и ќе игра финале на СП

Женската репрезентација на Шпанија е вториот финалист на Светското првенство кое се игра во Кyмамото, Јапонија

По катастрофалниот настап на актуелниот шампион, Франција, кој не се пласираше ниту во полуфиналето, попладнево елиминиран е уште еден фаворит за титулата, откако со 22-28 поразена беше селекцијата на Норвешка

Ракометарките на Шпанија до големиот успех стигнаа откако одиграа неверојатни втори 30 минути, во кои ја уништија играта на големиот фаворит. На полувреме се замина со егал резултат (13-13), но уште на стартот на вториот дел, Шпанките влегоа во ритам, се одлепија на +6 и на крај заслужено извојуваа победа од 22-28.

Сабрал со седум и Родригез со шест гола беа најдобрите ракометарки на „фуријата“, додека кај Норвешка, Ауне постигна пет гола. 

Во големото финале, кое е закажано за в недела, Шпанија ќе се судри со Холандија, додека во малото финале ќе се сретнат Норвешка и Русија.