ВИДЕО: Шоуто на Кизиќ – како голманот со „сто раце“ го полуде Елверум!

Голманот Марко Кизиќ имаше феноменална партија за Вардар во Лигата на шампионите и зад своето име во ремито со Елверум (34-34) запиша неверојатни 12 одбрани.

Младиот чувар на мрежата експлодира во второто полувреме, кога го полуде противникот, а на Вардар му овозможи да направи серија и да се одлепи резултатски. Сепак, „црвено-црните“ не го искористија расположениот чувар на мрежата и не успеаја да победат, иако водеа со четири гола.

  • Сите одбрани на Марко Кизиќ против Елверум:

Марко Кизиќ достојно го замени Борко Ристовски меѓу стативите и покажа дека Македонија сериозно може да смета на него во иднина. Вардарецот е сериозна конкуренција за националниот дрес, каде потпомогнати од Никола Митревски, заедно со Мартин Томовски би биле страшно голманско трио.

Според статистиката на ЕХФ, Кизиќ го заврши мечот со 12 одбрани од вкупно 36 шута, што е 33% ефикасност. Пет одбрани му беа од шест метри, пет одбрани од девет метри, а две од крило.