• Мартин Танасковски

Македонскиот репрезентативец Филип Талески ја одигра најдобрата партија во дресот на Балинген и беше еден од најдобрите ракометари и најзаслужните за победата над Фуксе Берлин (31-30).
„Лисиците“ и Балинген одиграа возбудлив натпревар, а Талески „распали“ кога беше најпотребно. Нашиот репрезентативец имаше седум постигнати гола од десет обида и заврши со 70% ефикасност. Покрај головите, бекот имаше и две асистенции.
Прво име кај Балинген беше Гретарсон со осум гола, додека кај Фуксе, Линдберг постигна шест, а Друкс даде четири гола.
Магдебург на Филип Кузмановски забележа победа (26-32) кај Ерланген, но тој не се запиша во листата на стрелците.