• Горан Упале

Ракометарите на Бутел Скопје ја запишаа можеби клучната победа во трката за плеј-оф. По ремито со Еурофарм Пелистер 2 во претходното коло, бутелци немаа друга опција освен да триумфираат над Пролет попладнево, а токму тоа и се случи во салата „Македонско Сонце“.
Дуелот на директните конкуренти за плеј-офот, заврши со победа на избраниците на Горан Кузманоски со 23-26 (8-11). Со овие бодови Бутел им побегна на младите пелистерци на три бода, а тие утре ќе се судрат со Тиквеш, во дуел во кој исто така влогот ќе биде многу голем.
- Комплетниот натпреварn меѓу Пролет и Бутел Скопје:
Малото скопско дерби беше решено во вториот дел. Откако Пролет го следеше чекорот на гостите во првите триесет минути, во вториот како да остана без сили за надигрување и дозволи противникот да влезе во серија и уште во 50. минута да поведе со девет гола разлика. До крајот на средбата Пролет, воден од младиот тренер Игор Илиевски, успеа само да го ублажи поразот за конечни
Убедливо најдобар поединец кај победничкиот тим беше Филип Николов со четиринаесет погодоци, а солиден беше и Тодор Узунчев со пет гола. Кај поразениот тим пет гола постигна Димковски, а еден помалку запиша Палевски.
Во последното овогодишно коло од Суперлигата, Бутел ќе се судри со Алкалоид, додека Пролет ќе гостува кај Еурофарм Пелистер 2.

