ВИДЕО: Шоу на Митев и Пешевски – магична асистенција меѓу нозе и гол со „вртенка“!

Македонија го одигра најдобриот натпревар на Светското првенство и извојува убедлива победа над Катар во втората рунда од главната фаза на шампионатот. 

Нашите ракометари блеснаа на вараждинскиот паркет, а Марко Митев и Жарко Пешевски ја режираа најубавата акција на натпреварот. Пред влезот во последните десет минути средниот бек на Алкалоид магично, со додавање меѓу нозе на противникот, асистираше до искусниот кружен напаѓач, кој акцијата ја зачини со прекрасен гол со „вртенка“.

Митев денес беше и голгетерски расположен, постигна пет погодоци и беше избран за играч на натпреварот. Пешевски натпреварот го заврши со шест гола.