• Горан Упале
Екипите на Магдебург и Фуксе Берлин одиграа незаборавно дерби во Бундеслигата, кое на крај заврши со тесна победа на актуелниот европски шампион од 35-33.
Со овој триумф Магдебург се зацврсти на лидерската позиција на табелата во најсилната ракометна лига во светот, а најголем белег на дербито остави поранешниот голман на Вардар – Дејан Милосављев.
Популарниот „Банда“ имаше блескава партија на голот на „лисиците“, особено во првиот дел во кој успеа да одбрани ПЕТ удари од седум метри, што секако дека е вистинска реткост во ракометната игра.
Сепак, и покрај неговиот одличен настап Фуксе Берлин не успеа да извлече поволен резултат на тешкото гостување кај Магдебург.

