Шола: Во Барселона видов надеж, но овој пораз е вистински дебакл

Тренерот на ППД Загреб, Владо Шола, беше разочаран од настапот на својот тим во поразот од вечниот ривал од Целје Пивоварна Лашко синоќа во Загреб.

Поранешниот голман на хрватската репрезентација за домашните медиуми изјави:

„Натпреварот се игра 60 минути. По повредата на Мандиќ, загубивме драгоцено време, не направивме ниту еден фаул до крајот на натпреварот. Се обидовме со Равниќ, делуваше малку подобро, но бевме лоши во сите сегменти на играта. Ако видов надеж во Барселона, ова беше разочарувачки. Направивме многу технички грешки. Што е уште полошо, имам чувство дека стравот се провлекува во тимот. Психолошки се справивме многу лошо со предизвикот“.

Наследникот на Вори верува во подобри денови, но реално констатира дека серија на победи во Лигата на шампионите ќе значи голем квалитативен скок. 

„Секогаш постои шанса, никогаш не треба да се откажувате во животот, но ако успееме да го сториме тоа, тоа би бил квантен скок. Мораме да вложиме страшна енергија во целата приказна и се надевам дека можеме да ја донесеме до крај“, вели Шола.

Загреб по пет кола е без бодови, а во следното коло ќе игра против Нант на Кире Лазаров.