Шола си поднесе оставка: „Поразите се моја вина, жал ми е за ракометна Црна Гора“

Ракометната селекција на Италија приреди големо изненадување во баражот за Светското првенство и со две одлични партии ја елиминира фаворизираната Црна Гора.

Хрватскиот ракометен стратег Владо Шола експресно ја презеде одговорноста за големиот неуспех на селекцијата која што во последните години беше во голем подем и си поднесе оставка од функцијата селектор на Црна Гора.

„Им честитам на играчите, преземам одговорност за сè. Сè што беше лошо беше моја вина. Веднаш поднесувам оставка, жал ми е ако го разочарав ракометниот свет во Црна Гора“, изјави Шола на прес-конференцијата по натпреварот. 

Владо Шола ја презеде репрезентацијата на Црна Гора во февруари минатата година. Италија го доби првиот натпревар со 32-26, а на реваншот беше 34-32 исто така за Италијанците.