Шок за ПСЖ: Хансен поради здравствени проблеми ја заврши сезоната!

Француските медиуми пренесуваат дека Микел Хансен нема да игра за ПСЖ до крајот на тековната сезона.

34-годишникот добил воспаление на вените во комбинација со белодробна емболија. Минатата недела искусниот Данец направи операција на коленото, а по кам-бекот во Франција ја добил оваа дијагноза.

Голгетерот на францускиот гигант ќе се опоравува во наредните четири до шест месеци. Тоа значи дека ќе го пропушти остатокот од тековната сезона.

Кариерата на Хансен се очекува да продолжи во Алборг, каде ќе заигра од сезоната 2022/23.