• Саше Љолес

Барселона има големи проблеми откако беше потврдено дека легендарниот Гонзало Перез Де Варгас ги скинал вкрстените лигаменти и за него сезоната е официјално завршена.
Славниот чувар на мрежата сигурно ќе отсуствува неколку месеци, што значи дека ќе се врати на терените најрано на почетокот од следната сезона, а Барселона ќе мора да се снаоѓа без неговите услуги, кои се секогаш од исклучителна важност за тимот.
Голманот на неславен начин ја завршува етапата во шпанскиот гигант, затоа што од следната сезона ќе ги брани боите на германскиот гигант, Кил.