Шок во Унгарија: Алборг го фрли на колена моќниот Веспрем

Унгарски Веспрем доживеа голем шок на домашен терен и загуби од Алборг (30-32) во рамки на Лигата на шампионите.

Данскиот тим тргна без страв и му зададе голем удар на фаворитот. Првото поосетно водство беше 7-13, до полувремето Веспрем ја преполови негативата (16-19), а во вториот дел, иако константно бркаше негатива, тимот на Дејвис не успеа ниеднаш да ја достигне.

Јул беше стрелец на девет гола, а Молгар реализира шест пати, додека кај Веспрем, Борозан и Ненадиќ имаа по шест гола. Дејан Манасков не настапи на оваа средба во ракометната елита.

За Веспрем ова беше прв пораз во Лигата на шампионите. Алборг, пак, ја прекина кризата и по три порази успеа да победи.