Шмал: Македонија беше дисциплинирана, а ние смирени и трпеливи

Славомир Шмал на голот на Полска

Ветеранот Славомир Шмал, исто како и нашиот Борко Ристовски, мечот го заврши со 11 интервенции, но некои од нив беа во клучната фаза од мечот. Голманот на полскиот првак Киелце ја истакна трпеливоста на своите соиграчи, иако квалитетот, како и против Франција, не беше на високо ниво.

„Мојата задача е да бранам пенали, но важна беше победата. До неа стигнавме многу тешко, бидејќи Македонија одигра дисцпилинирано. Полскиот тим играше смирено и бевме трпеливи до самиот крај, што беше клучно за нашата победа“, дециден беше Шмал.

Видливо беше повторно дека тактички знаеме да играме против Полска, но не успеавме стратегијата во целост да ја спроведеме на теренот.