Шишкарев: Вардаровата песна нѐ држеше во живот со Киелце!

Во име на Вардар на прес-конференцијата зборуваше и крилото Данил Шишкарев. По средбата со Киелце која заврши без победник (28-28), еден од клучните играчи во ростерот на „црвено-црните“ вели дека поддршката од публиката многу помогнала на оваа средба, посебно во второто полувреме кое било тешко за тимот.

„Играчите кои беа на терен дадоа се од себе. Против Киелце мечевите секогаш се тешки, мора да покажеш карактер. Ние тоа го покажавме на овој меч. Имавме тешко второ полувреме, губевме три разлика, но се вративме. Благодарност на публиката што не држеше „живи“ и ни даде самодоверба. Сите го почуствуваме тоа, така издржавме, па и дојдовме дури до шанса да дојдеме до два бода“, изјави Шишкарев.

Крилото го заврши натпреварот со еден постигнат гол во мрежата на Волф од еден обид.

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 8 6 1 1 249:218 31 13
2 МонпелјеМонпелје 8 5 1 2 223:214 9 11
3 ВеспремВеспрем 1 8 5 0 3 267:235 32 10
4 КиелцеКиелце 1 8 4 2 2 248:231 17 10
5 ВардарВардар 2 8 4 1 3 235:252 -17 9
6 ПортоПорто 8 3 2 3 230:240 -10 8
7 Мешков БрестМешков Брест 8 1 0 7 219:251 -32 2
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 8 0 1 7 232:262 -30 1