Шишкарев: Победивме и неодморни, драго ми е што и тоа беше доволно

Gol.mk на SEHA Final 4

Рускиот интернационалец Данил Шишкарев со еден гол даде голем придонесе во седмото вардарово финале во СЕХА лигата. Не беше лесно да се „скрши“ Мешков Брест и чудниот критериум на словачките судии. 

>>> ПОВРЗАНО - Парондо: Не беше лесно да се „скрши“ Мешков, ни остана само уште една пречка

Триумфот од 25-23 против тимот на Каденас и тоа како добива на вредност ако се знае дека Вардар играше без Борозан и се издигна откако Мешков Брест целосно се врати во натпреварот и се чинеше дека има енергија за пресврт.

  • Извештај од натпреварот:

Руското крило Шишкарев на официјалната прес-конференција веќе се осврна и на финалето:

„Не бевме многу одморни, малку бевме уморни од сите работи што ни се случуваа. Игравме натпревар викендов, така што немавме многу време за подготовки, па одигравме колку што можеме и драго ми е што тоа беше доволно. Ќе играме трет натпревар против ППД Загреб за многу кратко време. Добро ќе се одмориме и ќе се подготвиме и верувам дека ќе биде добро на крајот“, рече крилото на Вардар.

Шпанскиот тренер Роберто Гарсија Парондо може да ја продолжи низата на Раул и веќе е на чекор од првата титула од можните четири сезонава.