Шипинкоски: Радовиш е екипа од млади и искусни играчи, но веруваме во победа

Екипата на Охрид ќе има брза шанса да се рехабилитира од тешкиот пораз од Еурофарм Пелистер во синоќешното дерби во Суперлигата. Веќе во среда во салата „Билјанини Извори“ ќе гостува тимот на Радовиш, против кого „гладијаторите“ се апсолутни фаворити. 

 Младиот Никола Шипинкоски вели дека противникот не треба да се потцени, но верува во својот тим и во сигурна победа.

„Во среда ни гостува екипата на Радовиш, составена од млади и искусни играчи, но со добар пристап ќе стигнеме до уште една победа на домашен терен“, изјави ракометарот на ГРК Охрид, Никола Шипинкоски.

Натпреварот меѓу Охрид и Радовиш се игра во среда со почеток во 18:30 часот.