Шипинкоски и Ѓорѓиевски зимски засилувања за амбициозниот Прилеп

Ракометниот суперлигаш Прилеп со полна пареа ги работи зимските подготовки за преостанатиот дел од сезоната во елитното македонско друштво. 

Екипата предводена од тренерот Наум Танески ќе тренира само во Прилеп, а до крајот на подготовките веројатно ќе одигра и неколку пријателски натпревари. 

Од тимот замина левиот бек Божидар Левковиќ, а пристигнаа десните бекови Никола Шипинкоски од Охрид и Лука Ѓорѓиевски од Еурофарм Пелистер. Повеќе нема да има заминувања од тимот, а не е исклучена можноста за доведување на уште едно засилување. 

Прилепчани ја продолжуваат сезоната во Суперлигата со гостински меч кај ГРК Охрид, кој ќе се одигра на седми февруари.