• Иван Димовски

Ракометарите на Охрид дојдоа до „пет од пет“ во Суперлигата, а имаат одлична шанса да ја продолжат перфектната серија и против Бисинов Фруит Ленд во шестата рунда.
Во пресрет на натпреварот своите очекувања ги изнесе младиот Никола Шипинкоски.
„Во сабота играме пред своја публика, а ни доаѓа екипата на Бисинов. Се работи за добар колектив, со неколку искусни ракометари. Сепак, со добар пристап се надевам ќе стигнеме до нова победа“, изјави Шипинкоски.
„Гладијаторите“ ќе го дочекаат новајлијата во елитата в сабота во терминот од 18:30 часот во салата „Билјанини Извори“.