ФОТО: Шилегов со нов имиџ сервира „деветка“ во Автокоманда

Мице Шилегов беше играч на натпреварот меѓу екипите на Металург и Тиквеш, а повременото крило во македонскиот национален тим имаше нов имиџ на последните две средби.

Ако немаше учинок против Прилеп поради лимитираната минутажа, на натпреварот против ривалот од Кавадарци, Шилегов го покажа најдоброто. 22-годишникот постигна девет гола во мрежата на ривалот, седум од нив во првото полувреме кога се изгради разликата за победа.

Новиот имиџ на Шилегов е фризурата, а исто така тука е и неговиот соиграч Милан Лазаревски кој го следел неговиот пример, ама на овој дуел не беше расположен како него и не се запиша во листата на стрелците.