Шилегов броеше до 14, Голден Арт во вториот дел го „скрши“ Радовиш

Ракометарите на Голден Арт славеа во пресметката од 12. коло на Суперлигата против Радовиш со 29-25 (14-15). Натпреварот во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ мина во знакот на изедначеното надигрување. Долго време гостинот во главниот град имаше егал и беше рамноправен, меѓутоа во финишот попушти и го доживеа деветтиот сезонски пораз. 

  • Комплетниот натпревар меѓу Голден Арт и Радовиш:

Натпреварот тргна со игра гол за гол, ниту еден тим не успеваше да се одлепи и да поведе. Првпат на семафорот резултатот беше два разлика за Радовиш (10-12) во финишот на полувремето и на одмор се замина со гостинска предност од 14-15. 

Во продолжението се продолжи со исто темпо. Голден Арт не дозволи изненадување, брзо ги презеде работите во свои раце и првпат дојде до два гола предност на стартот на продолжението (20-18). Иако Радовиш и натаму беше тука некаде, скопјани почнаа да го трасираат патот кон победата. Во завршните десетина минути се влезе со првата осетна предност (26-22). Гостите немаа сили за враќање, па до крајот Голден Арт успеа да ја одбрани предноста. 

Далеку најдобар играч на паркетот беше Мице Шилегов кој постигна дури тринаесет погодоци во гостинската мрежа, додека Славе Јанковски даде шест гола. Кај Радовиш се истакна Здравко Постолов со осум гола, а шест пати стрелаше Трајчевски.