Шеваљевиќ: Последните мечеви во сезоната секогаш се незгодни

Васко Шеваљевиќ го одигра последниот натпревар во дресот на Вардар и со тимот се простува со победа. Црногорскиот 32-годишен бек кажа дека последните мечеви секогаш се незгодни, но најважно е што се завршило со победа и што сите играчи останале здрави.

„Дојдовме до победа од три гола во последниот меч во сезоната и ја остваривме целта, таа е четвртфинале во СЕХА. Сите останавме здрави, немаше повреди, тоа е најважно во овој дел од сезоната по последните натпревари. Во еден дел од мечот бевме во негатива, но потоа почнавме да даваме лесни голови и влеговме во ритам доволен за победа“, кажа Шеваљевиќ.

Бекот мина половина сезона во Вардар, но не е познато каде ќе ја продолжи кариерата.