Шеваљевиќ: Можеме против Македонија и ќе победиме!

Васко

Црна Гора е вториот противник за Македонија на Европското првенство 2022. На првиот меч црногорската репрезентација загуби од фаворизираната Данска.

Нашиот тим исто така започна со пораз, па прво славје ќе бара во второто коло. Капитенот на Црногорците, Васко Шеваљевиќ, најави израмнета борба на дуелот со македонската селекција.

„Го гледавме нивниот дуел со Словенија. Можеме да играме со двете селекции. Тие се држеа добро, но ние имаме што да бараме против нив и ќе победиме. Но, никогаш не се знае што ќе се случи, што ќе донесе новото тестирање за коронавирус. Мора да размислуваме позитивно“, изјави поранешниот член на Вардар 1961.

Дуелот меѓу Македонија и Црна Гора се игра в сабота, со почеток од 18:00 часот.