Шести успех по ред за ПСЖ во Лигата на шампионите

Екипата на Пари Сен Жермен го презеде врвот во групата А, со шестата победа во низа во Лигата на шампионите.

„Светците“ дома го победија ГОГ Гудме (41-36) и привремено го прескокнаа унгарски Веспрем. Тимот на Раул Гонзалез и данскиот претставник имаа изедначено прво полувреме, ама работите си дојдоа на свое место за фаворитот во вториот дел, кога од 20-20 се замина на 24-20.

Тројца играчи од ПСЖ дадоа по седум гола, тоа беа Даинис Кристопанс, Лук Стајнс и Камил Шипжак. Соле и Карабатиќ реализираа по пет пати. Кај ГОГ Гудме, Јоргенсен имаше одличен меч со девет гола, Вернсдорф даде седум, а Питлик стрела шест пати.

ПСЖ во следното коло на ЛШ повторно игра со ГОГ Гудме, овој пат на гости.