• Мартин Танасковски
Македонскиот голман Мартин Томовски имаше уште еден настап во Бундеслигата за неговиот тим Потсдам кој скоро сигурно ќе игра во понизок ранг следната сезона.
Потсдам доживеа пораз на гостувањето кај Лемго (23-32), а македонскиот голман беше еден од трите чувари на мрежата кои добија минутажа. Томовски беше најдобар од колегите, забележа шест одбрани и заврши со 25% ефикасност меѓу стативите на Потсдам.
Потсдам е на последното место во Бундеслигата и на 24 натпревари има само една победа. Ривалите се бодовно далеку, па така тешко дека Потсдам ќе изведе некоја магија и ќе се спаси во последните десет кола во германската елита.