Шест одбрани на Томовски, Пешевски и Штутгарт добија „стоп“ од Лудвигсхафен

Македонскиот голман Мартин Томовски имаше солиден настап за Лудвигсхафен, во важната победа над Штутгарт (28-24) во рамки на германската Бундеслига.

„Бувовите“ се борат за опстанок, а овие бодови со тимот од чии редови дел е Жарко Пешевски се доста вредни. Томовски запиша шест одбрани меѓу стативите, додека Пешевски заврши со реализација еден од два обида.

Вецлар на Филип Миркуловски направи подвиг и славеше над Фуксе Берлин (29-27). Македонецот немаше голгетесрки учинок во тимот, а се најде на теренот. Најдобар беше Рубин со девет гола, пред Линдберг од Фуксе со седум гола.

На останатите натпревари Флензбург минимално победи со Есен (29-28), Кил го доби Бергишер (33-30), додека Лајпциг на домашен терен беше убедлив со Бергишер (26-18).