• Мартин Танасковски
Ракометарите на Алкалоид продолжуваат со импресивните настапи во пресрет на новата сезона. Тимот на Кирил Лазаров го запиша и шестиот триумф на подготвителните средби, совладувајќи го словенечкиот состав Шкофја Лока со 31-24.
Дуелот започна израмнето и резултатот беше 6-6, но потоа македонскиот претставник направи серија од 4:0 и ја презеде контролата со водство од 10-6. До крајот на првото полувреме Алкалоид ја зголеми предноста на +7, а во продолжението сигурно ја одржуваше разликата од 7-8 голови.
На крајот, убедлива победа од 31-24, во меч во кој Лазаров им даде шанса на сите расположиви ракометари. Алкалоид ќе има уште еден предизвик пред стартот на сезоната – финалето на 31. Меморијален турнир „Јоже Шилец“, каде ќе се обиде да ја продолжи перфектната низа.

