Шешири за СП 2025: Кој ќе биде светскиот владетел кај дамите?

Светската куќа на ракометот (ИХФ) ги одреди шеширите за Светското првенство (СП) во ракомет кај дамите кое ќе се игра оваа година.

Ждрепката ќе го одреди составот на осум групи од по четири екипи, при што првите три екипи ќе се пласираат во главната рунда. Покрај во Трир и Дортмунд, Светското првенство ќе се игра и во Штутгарт, Хертогенбош и Ротердам. Познатото холандско пристаниште ќе биде домаќин на двете нокаут фази (четвртфинале, полуфинале и финале), како и Дортмунд (четвртфинале).

  • Шешири за СП 2025:

Шешир 1: Франција, Норвешка, Данска, Унгарија, Шведска, Холандија, Германија, Црна Гора.

Шешир 2: Полска, Бразил, Србија, Романија, Швајцарија, Шпанија, Австрија, Ангола.

Шешир 3: Чешка, Јапонија, Сенегал, Исланд, Аргентина, Фарски Острови, Јужна Кореја, Тунис.

Шешир 4: Египет, Уругвај, Казахстан, Парагвај, Иран, Куба, Кина, Хрватска.

Светското првенство е закажано од 26 ноември до 14 декември. Македонија испадна во баражот за овој настан од Чешка, а потоа иако конкурираше за „вајлд-карта“, таа замина во рацете на Хрватска.