Шешири во ЛШ: Елитата по девет години без Вардар

Европската куќа на ракометот (ЕХФ) ги одреди шеширите за новата сезона во машката ракометна Лига на шампиони во која Македонија нема да има клупски претставник поради санкцијата кон Вардар 1961.

„Црвено-црните“ беа исфрлени поради наводни долгови кон стари играчи и за првпат во последните девет години тимот нема да игра во ЛШ, а Македонија по две децении остана без претставник. Нивното место се пополни со „вајлд-карта“. Македонија ќе има еден претставник како играч, тоа е Никола Митревски со Порто.

1. ШЕШИР: Барселона, Магдебург, ПСЖ, ПИК Сегед
2. ШЕШИР: ГОГ Гудме, Киелце, Порто, Целје
3. ШЕШИР: Динамо Букурешт, Кил, Нант, Веспрем
4. ШЕШИР: Елверум, ППД Загреб, Алборг, Висла

И оваа сезона ќе има два група со по осум тима. Ждрепката е на 1. јули од 11:00 часот.