Шарановиќ: Го сакаме историскиот трофеј во Купот на Македонија

Ана Шарановиќ беше најдобар стрелец за ЖРК Куманово во полуфиналето против ЖРК Металург, а сега тимот го чека историско Куп-финале пред својата публика, каде ќе се соочи со актуелниот првак ЖРК Вардар.

Кумановчанки важат за фаворити на овој натпревар поради искуството и поради домашниот терен. Шарановиќ вели дека тимот напорно се подготвувал за овој предизвик и искрено се надева дека домаќинот ќе го освои Купот на Македонија.

„Напорно се подготвувавме за Купот, имавме многу напорни тренинзи. Сето тоа беше за да постигнеме добар резултат. Како тренираш, така играш а ние тоа го докажавме на терен. Со цврста одбрана, организиран напад и трпение стигнавме до посакуваниот резултат, а тоа е финалето. Се надеваме дека ќе го освоиме Купот на Македонија во финалето против ЖРК Вардар“, изјави Шарановиќ.

ФИналето од Купот на Македонија се игра од 16:00 часот, во салата Спортска во Куманово.