Шанса за Јане Цветковски: Вецлар ќе биде два месеци без Иванишевиќ

Македонскиот голман Јане Цветковски ќе има шанса да покаже што може во германската Бундеслига, затоа што голманот на Вецлар, Тибор Иванишевиќ, заработи повреда која ќе го оддалечи од терените подолго време.

Српскиот репрезентативец се повреди на гостувањето кај Штутгарт, а лекарските прелгеди покажале дека се работи за лигаментите на коленото. Поради повредата, Иванишевиќ ќе биде надвор од терените најмалку два месеци.

Повредата на Иванишевиќ е шанса за Јане Цветковски, кој пристигна во Вецлар како резервна варијанта. Покрај Македонецот, за место меѓу стативите на Вецлар ќе се бори и младиот Тил Климпке.