Шампионскиот тандем не се менува: Пастор и Кривокапиќ во ПИК Сегед уште две години

Тренерскиот тандем на актуелниот унгарски шампион, ПИК Сегед, Хуан Карлос Пастор и Марко Кривокапиќ ќе останат на клупата на овој клуб најмалку до летото 2024 година.

Ова тренерско дуо во Сегед пристигна пред девет години, на први јули 2013 година и за тоа време трипати го освои унгарското првенство, еднаш Купот на Унгарија и еднаш Купот на ЕХФ во 2014 година.

„Кога пристигнав во Сегедин пред девет години, не мислев дека ќе останам толку долго. Атмосферата во клубот што ја градиме со години нè издигна на повисоко ниво. Драго ми е што управата сè уште верува во нас. Условите се фантастични, а и нашите навивачи исто така. Среќен сум што го продолживме договорот“, изјави Хуан Карлос Пастор. 

ПИК Сегед доби нова сала, силен ривал е во Лигата на шампионите, а и на Веспрем титулата сега не му е однапред впишано како претходно.