• Редакција Gol.mk

Две скопски екипи, шампионот Еурофарм Пелистер и Тиквеш од Кавадарци ќе играат на завршниот турнир на Купот на Македонија во машка конкуренција. Тоа е епилогот на викенд-возбудувањата во четвртфиналните групи во Скопје, Кавадарци и Охрид,
Поголеми изненадувања немаше и фаворитите се изборија за место во полуфиналето. Завршницата ќе се одржи од 17 до 19 мај, а дополнително ќе биде познат градот домаќин на завршниот турнир од Купот.
Наскоро со ждрепка ќе бидат познати полуфиналните парови, со тоа што нема повластени тимови и можни се сите комбинации за полуфиналните парови.
Титулата од минатата сезона ја брани Вардар 1961.