Шампионот полека се комплетира, Алушовски го одработи првиот тренинг

Актуелниот македонски ракометен шампион, Еурофарм Пелистер, го одработи првиот тренинг под водство на тренерот Стевче Алушовски. Ракометната легенда го презеде тимот, во обид да ги исполни големите амбиции и очекувања на управата и навивачите, а денес првпат „командуваше“ во салата „Боро Чурлески“ во Битола.

Тимот под палката на помошниците Лембанов и Соколески тренираше пет дена, а сега Алушовски го презема кормилото. „Зелено-белите“ до крајот на сезоната ќе водат голема битка за самиот врв во домашното првенство и титулите во шампионатот и Купот на Македонија. Деветте репрезентативци кои играат на Европското првенство ќе се приклучат штом завршат со обврските со националниот тим.

Еурофарм Пелистер ја продолжува авантурата во Суперлигата на седми февруари, а исто така ќе има и уште најмалку четири натпревари во Лигата на шампионите, каде се среќава со Висла Плок, ГОГ Гудме, францускиот ПСЖ и славната Барселона