Шампионот официјално побара место во ЛШ, ракометна Битола во исчекување

Шампионот на Македонија во ракомет, Еурофарм Пелистер, и официјално преку Ракометната федерација на Македонија (РФМ) побара „вајлд-карта“ за настап во Лигата на шампионите за сезоната 2024/25. Откако Македонија го загуби директното место во елитата, покана од ракометната централа во Виена е единствена шанса за врвен ракомет во нашата земја.

Челниците на Еурофарм Пелистер викендов се во Келн, каде се одржува форум на клубови и каде сите учесници од тековната Лига на шампиони имаат меѓусебен состанок со ЕХФ. Иако денес нема да биде познато кому ќе му припадната седумте покани за настап, многу работи ќе бидат најавени. До средината на јуни се очекува да се знаат сите шеснаесет учесници, а на почетокит на јули веќе е закажана ждрепката за групната фаза. 

Конкуренцијата за „вајлд-картите“ ќе биде огромна. Во пол-позиција со сигурност се вицепрваците на Полска, Франција, Данска, Унгарија... Во конкуренција се уште Бидасоа (Шпанија), Порто (Португалија), Динамо Букурешт (Романија), Загреб (Хрватска), Горење (Словенија)...

Најнови вести од
Лига на шампиони