• Редакција Gol.mk

Најавите од Германија добија потврда од Битола утрово - Еурофарм Пелистер и тренерот Раул Алонсо спогодбено го раскинаа договорот една година пред нејзиниот истек.46-годишниот Шпанец побарал да си замине од Макединија, веројатно заради понудата од Лајпциг и враќањето во Бундеслигата.
„Еурофарм Пелистер и Раул Алонсо спогодбено ја прекинаа соработката. До прекин на соработката дојде по барање на тренерот, кој поради приватни причини побара да се врати во Германија.
Еурофарм Пелистер му се заблагодарува на Раул и му посакува многу успех понатаму!“, се вели во соопштението на шампиопнот на Македонија.
Со Рајл на клупата Еурофарм Пелистер ја освои титулата во Суперлигата 2024/25, а во Европа не успеа да ја мине групата и пикрај освоените осум бода, што е најдобар резултат во елитата за битолчани.
На нешто повеќе од две недели до почетокот на подготовките, Еурофарм Пелистер е без тренер и наскоро ќе го официјализира предводникот за сезоната 2025/26.

