• Мартин Танасковски

Вардар е актуелен македонски и европски шампион, а поддршка има насекаде низ светот. Тимот на Гонзалез доби навивачка песна и на гостувањето во Шведска кај Кристијанштад, каде одигра одличен меч и заслужено се радува на триумф.
Околу стотина навивачи беа присутни во салата, а нивниот сектор беше обоен во боите на Македонија. Но, имаше и интересен транспарент, на кој стоеше - „Комити Малме“, и кој беше закачен како ударен на оградата.
Вардар ги награди навивачите со одлична игра, а на крајот, ракометарите за тоа добија аплаузи и овации.