ФОТО: Шаховската битка за Обрван или за Биглер?

Денес во фан зоната во центарот на Краков беше организиран шах натпревар помеѓу македонските и полските навивачи. Добар начин на дружење, за оние на кои не им е до разгледување на градот по студеното време. Древната игра може да биде асоцијација и за ракометниот дуел вечерва, во кој Ивица Обрван и Михаел Биглер ќе се надмудруваат како на шаховска табла. Чија стратегија ќе биде поуспешна.