Серафимов е „позитивниот“ во Металург, им посака среќа на соиграчите кај Тулуз

Металург пријави два позитивни случаи на коронавирус, еден ракометар и еден член на стручниот штаб, а од играчите позитивниот е македонскиот репрезентативец Мартин Серафимов.

Бекот тоа го откри преку порака, преку која посочи дека се чувствува добро и на соиграчите им посака среќа во Тулуз на првиот натпревар од Европската лига на ЕХФ.

„Сакам да ве известам дека сум Ковид позитивен при последното тестирање во РК Металург. Моментално се чувствивам добро и немам никакви симптоми. Ќе се придржувам кон протоколите за лекување и се надевам на брзо враќање на ракометот. Им посакувам на моите соиграчи успешен настап во Тулуз. Бладарност до клубот и соиграчите за подршката која ја добивам“, вели Серафимов.

Металург в понеделник патува за Франција, а ден подоцна го игра првиот натпревар против Тулуз.