Серафимов: Добро го најавивме плеј-офот во македонскиот ракомет

Младиот Мартин Серафимов доби поголема шанса на натпреварот против Војводина (39-20) и комплетно ја оправда. Ракометарот го заврши мечот со шест гола од  девет обида, а по истиот истакна дека триумфот е добра подготовка за плеј-офот во македонскиот шампионат.

„Ова беше тренинг-натпревар за нас, но ние помладите добивме поголема шанса и истата добро ќе ни служи за понатаму, како предигра за плеј-офот во македонскиот шампионат кој следи. Спремни го дочекуваме првенството, па се надевам дека пак ќе играме в година во СЕХА-лигата“, изјави Серафимов.

Плеј-офот во македонскиот шампионат стартува на 23 март.