• Зоран Мишевски
Познати се сите учесници на Европското ракометно првенство догодина во Скандинавија во Данска, Шведска и Норвешка.
Победата од девет разлика против Литванија ни покажа дека имаме генерација за големи дела, во која без секого се може. Мартин Серафимов го потенцираше карактерот на нашиот национален тим.
„Морам да потенцирам дека верувавме дека денес ќе победиме и ќе се квалификуваме на Европското првенство. Сите бевме сигурни дека ќе дадеме максимум и нема да излеземе од сала додека не победиме. Бевме решени и резултатот следеше по нашиот менталитет.
Ова е генерација со која долго време се работи, па и кога недостигаат еден-два играчи, нашиот систем ни го лансира квалитетот.
Нашата публика е наш осми играч каде и да играме. Секогаш до нас допира нивната поддршка“, ни рече Мартин Серафимов.
Покрај нашата репрезентација и домаќините на Европскиот шампионатот ќе настапат: Србија, Австрија, Полска, Романија, Италија, Швајцарија, Украина, Словенија, Хрватска, Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Исланд, Португалија, Холандија, Чешка, Германија, Грузија, Црна Гора, Шпанија, Фарски Острови и Холандија.