Сензационално реми на Елверум и Кил, без победник и во Сегед

Интересно попладне имавме во машката ракометна Лига на шампиони, каде два од три натпревари завршија без победник.

Сензацијата се случи во Норвешка, каде тамошниот шампион Елверум одигра без победник против бундеслигашот Кил (26-26). Домашната екипа спаси бод во самиот финиш кога погоди Грондал, а потоа се одбрани и од нападот на Сагосен.

Токму Грондал беше најефикасен со шест гола, пред Бломгрен со четири реализации, додека кај Кил, Сагосен, Екберг, Фрац, Дамке и Билик погодија по три пати во противничката мрежа.

Без победник заврши и натпреварот меѓу Сегед и Нант (28-28). Роста беше најдобар кај унгарскиот тим со седум гола, пред Мацковшек со пет и Фримел со четири, а кај францускиот тим, Портела даде пет, а Калваканти стрела четири пати.

Алборг го потврди петтото место со триумфот на гости кај Целје (31-34) и заврши пред ПИК Сегед кој поради ремито е шести. Лидер е Барселона која во последното коло ќе игра со второпласираниот Киелце. На третата позиција е Нант со 15 бода, пред Кил исто така со 15 бода.