Сензационален триумф за Ангола на СП, Бразил без проблеми со Аргентина

Во рамките на четвртата група, репрезентацијата на Бразил стигна до првата победа во главната фаза од женскиот ракометен Мундијал и славеше над големиот ривал Аргентина со конечни 33-19. „Кариоките“ уште по првиот дел имаа солидно водство (16-7), кое до крајот на мечот успеаја да го задржат со прилично рутинска игра. 

Бразилките го намалија малку темпото на почетокот од вториот дел, но потоа ставија во уште посилна брзина го „дотолчија“ вечниот ривал. Конечниот резултат беше 33-19, а во победничкиот тим најмногу се истакнаа Де Паола и Кардосо со по пет постигнати голови. 

Големо изненадување се случи во втората група, каде Ангола успеа да ја надигра селекцијата на Австрија и дојде до премиерен триумф во главната рунда со конечен резултат 30-25.

Африканската селекција имаше водство и по првиот дел (16-14), а во продолжение само ја потврди мотивираноста и решителноста да стигне до историски резултат за својата земја. Азенаиде Карлос беше најдобра кај Анголките со осум погодоци, додека кај Австрија прво име беше Катарина Панџа, исто така со осум голови.