Сензационален трансфер: Дејан Бомбач потпиша за унгарски второлигаш

Машкиот тим на унгарскиот клуб, ЕТО Ѓер, изгледа дека се враќа на голема сцена во европскиот ракомет. Иако сѐ уште има второлигашки статус, клубот од следната сезона ќе игра во елитното друштво, а првото засиливиање е навистина бомбастично и скоро неочекувано. 

Ѓер од следната година ќе биде посилен за словенечкиот репрезентативец и еден од најдобрите средни бекови во Европа, Деан Бомбач, а воедно најави и уште неколку звучни засилувања кои би го однеле тимот кон пласман во Лигата на шампионите или другите клупски натпреварувања на ЕХФ. 

„Навистина сум среќен што доаѓам во клуб со толку голема традиција. Ја видов веднаш желбата за успех и драго ми е што ќе придонесам со моите игри за остварување на целта“, изјави Бомбач на официјалната промоција

35-годишниот Бомбач ја прифатил понудата од Унгарците и потпиша тригодишен договор, а наскоро се очекуваат и пристигнувањата на нови квалитетни играчи.