Сензационален пресврт: Полска екипа анулира -4 за 90 секунди и на крај победи! (ВИДЕО)

Полска

Ракометен натпревар во Полска понуди неверојатна завршница и пресврт за само една минута и половина. 

Екипата на Квиџина имаше негатива од 24-28, но успеа да одигра херојски финиш и да се избори за 28-28. Бидејќи во полскиот шампионат не се признава нерешен резултат, се шутираа пенали во кои подобар беше домашниот тим.

Ракометарите на Тарнова беа во неверица поради она што им се случи во период кога мислеа дека натпреварот е завршен.