Сензација во Зрењанин: Србија лесно го доби мечот против фаворитот Франција!

Марсениќ

Репрезентацијата на Србија ги започна европските квалификации со изненадувачка победа на домашен терен против Франција (27-24) во првото коло од групата 1.

Дебитантот на клупата на „орлите', Тони Џерона може да биде задоволен од она што го виде на овој натпревар на кој неговите ракометари запишаа големи бодови против фаворитот. Одлучувачко беше првото полувреме во кое српската селекција стигна до +3 и не погледна назад.

Кукуќ беше расположен за игра, а тука беа и разбренетите голмани на Србија, кои беа најзаслужни што на пауза на семафорот стоеше резултатот 14-11. Се играше гол за гол во продолжението се до 55. минута, кога Србите направија серија од три гола во низа. Одбраната на домашниот тим си ја одигра својата улога и спречи било каква надеж кај француските репрезентативци. 

Марсениќ и Кукиќ со по шест гола се истакнаа кај Србија, а Мае беше најрасположен кај „триколорите“ со шест реализации. Натпреварот одлично го водеа македонските судии Митревски и Тодоровски. Вториот натпревар од групата меѓу Белгија и Грција беше одложен поради коронавирус случаи во репрезентациите.

Попладнево изненадување приреди и Белорусија, која полесно од предвиденото го совлада светскиот вицешампион Норвешка со 33-25 (17-10). Вреди да се напомене дека за скандинавската репрезентација настапи Б тимот, бидејќ Сагосен, Мирхол, Тонесен и останатите се подтотвуваат за Светското првенствои за да се избегнат контакти и можни позитивни случаи на ковид-19, федерацијата испрати Б тим во евро-квалификациите.