
Екипата на Крка од Ново Место приреди вистинска сензација во словенечкиот Суперкуп, откако го совлада тимот на Целје Пивоварна Лашко со минимални 23-22 и го освои трофејот.
Крка, која важеше за аутсајдер, во текот на целиот меч не дозволи да биде во поголема негатива од два гола разлика и на крајот славеше над големиот фаворит, со што го направи најголемиот резултат во клупската историја.
Причината за поразот на Целје веројатно е заморот, бидејќи избраниците на Бранко Тамше, играа на многу турнири и одиграа голем број на натпревари.
Најдобар стрелец во победничкиот тим беш Папеж со осум погодоци, а голманот Томиќ собра 14 интервенции, додека кај Целје, Шарац и Јуречиќ постигнаа по четири погодоци.