Сензација во ЛШ, Кристијанштад му удри нова шлаканица на Веспрем

Шведски Кристијанштад направи големо изненадување во Лигата на шампионите и на домашен терен со 32-29 (14-15) беше подобар од унгарски Веспрем, кој пред мечот важеше за голем фаворит.

Гигантот од Унгарија кој за тренер го донесе Давид Дејвис од Вардар, не успева да фати победнички ритам. Игра топло-ладно, а најновата шлаканица ја доби од Кристијанштад кој ја запиша првата радост во групата „А“.

По изедначениот прв дел, Швеѓаните ја направија разликата во последните десет минути. Цело време двата тима играа гол за гол, па од 24-24, домаќинот се одлепи на 26-24, за потоа да поведе и со недостижни три гола разлика (28-25). 

Најдобар во победата беше Гудмунсон со седум гола, Нилсен даде уште шест, додека Кањељас запиша пет гола, а кај Веспрем, Мае даде четири гола, додека Манасков и Тонесен завршија со по три погодока.