Сензација во ЛШ: Кристијанштад го совлада Киелце, Вардар и со бод е четвртфиналист!

По поразот на Вардар во ЛШ, се случи нова сензација. Шведски Кристијанштад на домашен терен успеа да слави над Киелце (29-25), со што македонскиот првак само со бод на домашен терен во последниот дуел ќе биде прв и ќе оди во четвртфиналето.

На „црвено-црните“ им беше потребна една побеа на последните два меча, но по резултатите во групата - се се промени. Кристијанштад ја имаше контролата на мечот во свои раце уште од стартот, а со одлично второ полувреме, посебно во финишот, кога од 24-22 се одлепи на 27-22, дојде до значаен триумф.

Најефикасен кај Кристијанштад беше Соренсен со шест гола, додека кај Киелце, Јахлевски даде пет, а Агинагалде додаде уште четири. Кристијанштад во последното коло на 12. март гостува токму во Скопје, кај Вардар.