Сензација во ЕЛ: Савехоф го елиминира Хановер, Динамо Букурешт пак го надигра Силкеборг

Екипата на Савехоф приреди големо изненадување во осминафиналето во Европската лига на ЕХФ. Шведскиот претставник беше голем аутсајдер во двомечот со Хановер, но на паркет не секогаш победуваат фаворитите. 

За изненадувањето да биде уште поголемо, говори фактот што Савехоф во реваншот одигра неверојатно и на бундеслигашот му нанесе висок пораз од девет гола разлика (34-25). Во првиот натпревар Хановер извојува победа од 34-30 и така порано од очекуваното се прости од ова натпреварување. 

Најдобри во таборот на победничкиот тим беа Швеѓаните Ведберг и Молер со по седум гола, додека за Хановер Кулеш заврши со шест гола. 

Покрај шведскиот тим пласман во четвртфиналето обезбеди и Динамо Букурешт кој и во реваншот беше поуспешен од Силкеборг, овој пат победувајќи го на гости со 24-27. Противник на Динамо Букурешт во четвртфиналето ќе биде тимот на Скјерн, додека Савехоф одново ќе игра против германски тим - Флензбург.

Најнови вести од
Европска лига